мај 3, 2026

Денеска (21.04.2025) во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал Т.А.(23) од Пробиштип.

Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од Пробиштип, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.    

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK