мај 3, 2026

Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случил вчера на Велигден, после пладне, кога детенцето во присуство на повозрасното тригодишно братче и родителите си играло на скалите од споменикот Филип Втори на плоштадот „Магнолија“, кога родителите се враќале од црква.

Мајката Моника, инаку американски државјанин, и детенцето е родено во САД, вели дека инцидентот се случил за миг, кога пред нејзините очи го видела кучето како го соборило детенцето на земја и му нанело тешки повреди на устата и образот. Детето веднаш е пренесено во Битолската клиничка болница каде раните се зашиени, но под силен стрес е целото семејство. Кучето било со ушна обетка, пренесува Апла.

На ден Велигден, кога целиот народ се враќавме од црква, нешто по 12 часот и 30 минути, застанавме со дечињата кај фонтаната и споменикот на плоштадот Магнолија да си поиграат децата со останатите собрани на плоштадот. Имаше две-три кучиња околу, во еден момент кога се завртев детето ми беше на земја нападнато од кучето. Веднаш реагирав го оттргнав кучето и кога го кренав детето беше раскинато на половина од устата, во левиот образ и брадата до делот под окото. Цел народ се собра и го виде несреќниот момент“, раскажува вознемирена мајката Моника за АПЛА.мк.
дете каснато од куче скитник во Битола фото Апла.мк

По лекарската интервенција – Фотографијата е одобрена за објавување од мајката Моника .

Извор: Апла

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK