мај 3, 2026

Убавото сончево време и неработниот ден – недела, денеска измамија илјадници скопјани во природа. Градскиот парк беше преполн со живот, каде што родители со мали деца, млади парови, друштва и љубители на прошетки го искористија убавиот ден за дружење, релаксација и спортски активности.

На секој чекор можеа да се забележат насмеани лица, деца со балони и тротинети, луѓе кои лежерно се шетаат или одмараат на клупите под зелените крошни.

Метеж и живост имаше и на други популарни рекреативни локации низ градот, како Кејот на реката Вардар, Водно и Матка. Многумина го искористија убавиот ден за возење велосипеди, трчање или едноставно за долги прошетки во природа.

Неделното претпладне уште еднаш потврди дека скопјани секогаш знаат како да уживаат во убавите денови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK