мај 4, 2026

Фудбалерот на Реал, Антонио Ридигер, јавно им се извини на судијата и навивачите за своето однесување во финишот, поради што доби црвен картон во финалето на Купот на Кралот и поразот. Купот го освои Барселона со победата 3.2, остварена во 116.минута.

Германскиот репрезентативец, незадоволен од една одлука на Де Бургос, фрли пластично шише кон судијата, а потоа се обид и да влезе на теренот за да се пресмета со нег.

Шпанските медиуми објавија дека тој се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.

„Дефинитивно нема оправдување за моето однесување. Многу ми е жал. Одигравме многу добар натпревар од второто полувреме, по 111. минута повеќе не можев да му помогнам на мојот тим, а пред последниот свиреж направив грешка. Уште еднаш им се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав“, напиша 32-годишниот Ридигер на социјалната мрежа „X“.

Share

The post (Видео) Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK