мај 4, 2026

Утрово околу 10 часот се случи сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје.

Според првичните информации, учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С..

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт кај М.Д.. Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK