мај 4, 2026

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го декласираа Мајами Хит во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА, и се пласираа во полуфиналето на Источната конференција со максимален резултат од 4-0 во серијата.

Кавалирс победија во Мајами со 138:83. Претходните натпревари првите фаворити на Истокот ги добија со 121:100 (21 поен разлика), 121:112 (девет) и 124:87 (37 поени разлика).

Тоа се вкупно 122 поени во целата серија, најубедливата разлика во историјата на плејофот во НБА.

Претходниот рекорд го држеа Лос Анџелес Лејкерс од 1986 година, кога направија разлика од +109 во четири натпревари од плејофот.

Кога станува збор за повеќе од четири натпревари, рекордот го држеа Денвер Нагетс од 2009 година кога имаа +121.

Српскиот репрезентативец, Никола Јовиќ беше единствената светла точка во тимот на Мајами, постигна 24 поени, речиси двојно повеќе од Бем Адебајо со 13, и Пеле Ларсон и Ендру Вигинс, кои имаа по 12.

Кливленд го предводеше Донован Мичел со 22 поени, Деандре Хантер имаше 19, Ајван Мобли 17, а Џарет Ален забележа 14 поени и 12 скока.

Кавалирс во наредната рунда ќе играат против победникот од серијата помеѓу Индијана и Милвоки, каде што Пејсерс моментално водат со 3-1.

Share

The post (Видео) „Метла“ за Мајами – Кливленд победи со најголема разлика во историјата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK