мај 4, 2026

Родителите на загинатите деца во дискотеката “Пулс” во Кочани од пред Обвинителство во моментов се префрлија внатре, во просториите. Тие беа повикани  во текот на вчерашниот ден со цел доколку некој од родителите сака  да оствари средба и би сакале да се запознаат со сите аспекти на самата истражна постапка.

„Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“, изјавија од ОЈО во текот на вчерашниот ден по најавата за протестот во Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK