мај 4, 2026

Поп пејачката Тамара Тодевска се огласи по повод нејзиниот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на осми мај во МКЦ, а од кој собраните средства од продадени влезници ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Како што појаснува Тодевска.
Имаме уште десетина денови до хуманитарниот концерт на 8-ми мај и сакам да споделам неколку искрени работи со моите фанови, колеги, новинари, со сите кои ја почитуваат мојата работа низ годините… Најпрво, големо благодарам до сите оние кои купија карти и на тој начин донираа за Кочани.

Тука се голем број на искрени мои фанови, најблиски (ама буквално најблиски) соработници, пријатели, колеги, другари и другарки и многу други… Вие сте луѓето и тимот за цел живот. А, вечерва и јас си купив карта за својот концерт и уште еднаш донирав за погодените семејства во Кочани…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK