мај 4, 2026

Запаленa е куќата на Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции- Oва е цената за удирањето по мафијата, никој не е над законот.

Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани.

Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален неговиот дом.

-Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува, вели тој.

„Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“ – посочи Пандов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK