мај 2, 2026

Фудбалерите на Челзи го победија новиот англиски шампион, Ливерпул со 3:1 во 35-то коло од Премиер лигата.

Три кола пред крајот на сезоната, тимот од Лондон е токму таму каде што сака да биде на крајот, на место кое гарантира пласман Лигата на шампионите.

„Сините“ моментално се петти, на три бода од Нотингем Форест.

До крајот на првенството, екипата на Енцо Мареска ќе игра против Њукасл (гости), Манчестер Јунајтед (дома) и Нотингем Форест (гости).

Натпреварот со „шумарите“ би можел да биде „да се биде или не“ за двата тима за пласман во европската елита.

Во недела попладне, против новокрунисаните шампиони, Челзи славеше со головите на Енцо Фернандез уште во 3-та минута, Џарел Квансах кој си постигна автогол во 56-та минута и Кол Палмер од пенал во шестата минута од судиското продолжение.

Единствениот гол за гостите го постигна Вирџил ван Дајк во 85-тата минута.

Share

The post (Видео) Челси го победи новиот англиски шампион appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK