мај 2, 2026

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.

Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7:5, 3:6, 6:4 за два часа и 29 минути игра.

Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.

Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.

Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.

Тој моментално има 13 АТП титули.

Од понеделник, Руд ќе се искачи на седмото место на АТП листата, а Дрејпер ќе го преземе петтото место од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Share

The post Каспер Руд конечно освои голема титула, победи на Мастерсот во Мадрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK