мај 3, 2026

На 05.05.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на 01.05.2025 околу 13.00 часот на локалниот пат за с.Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од с.Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката М.Џ.(54) и еден малолетник, двајцата од с.Долна Белица, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK