мај 3, 2026

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75:67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата.

Панатинаикос го отвори натпреварот брилијантно. Со одлична одбрана, домашниот тим одговори на громогласната поддршка од своите навивачи од трибините, а Џеди Осман беше особено инспириран.

Екипата на Ергин Атаман одигра беспрекорна одбрана и го ограничи противникот на само 13 поени во првите 14 минути од играта.

Осман, во тој период, беше поефикасен од гостинскиот тим, а ПАО стекна предност од 23 поени. Гостите одговорија со серија од 13:0 и наговестија голема борба до самиот крај.

Не се предадоа гостите, но во вториот дел ПАО сите напади успеа да ги одбие.

Панатинаикос до победата го предводеше Чеди Осман со 28 поени и осум скока. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 12 поени, четири скока и пет асистенции, односно Џериен Грант со 11 поени, осум скока и три асистенции.

Кај Ефес се истакна Елајџа Брајант со 16 поени со четири скока и асистенции, а го следеше Шејн Ларкин со 11 поени, еден скок и четири асистенции.

Панатинаикос, во полуфиналето на завршниот турнир ќе игра против Фенербахче.

Share

The post Момчето од Охрид, Чеди Осман го однесе ПАО на завршниот турнир appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK