декември 24, 2024

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите борци ја презеле контролата врз Соледар во Украина по интензивните борби.

Според него, продолжуваат да се водат улични борби.

„Бројот на заробеници ќе биде објавен утре“, се вели во соопштението на Пригожин објавено на веб-страницата на неговата компанија Конкорд.
Соледар се наоѓа во самопрогласената Доњецка Народна Република.
Засега нема независна потврда за неговите изјави.

Од друга страна, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, тврди дека украинските сили ги држат своите борбени позиции во Соледар и се спротивставуваат на масовниот напад на руските сили, кои, како што истакнува, „трпат големи загуби“.

Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Украинската армија се подготвува за можен нов напад на руските копнени сили од Белорусија врз Киев.

„Одбранбените позиции на северот на земјата се веќе подготвени или зајакнати„, изјави во вторникот генерал-полковник Олексеј Пављук, кој е одговорен за одбраната на Киев.

Со цел да се спречи брзото напредување на руските тенкови, беа поставени пошироки мински полиња во сите области каде што може да се движат тенковите, додаде тој. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK