мај 3, 2026

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.

– Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52-годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и лишиле од слобода, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK