мај 3, 2026

Синоќа (11/12.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит…

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни  патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK