април 21, 2026

Новиот македонски шампион Шкендија соопшти дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ ја намалила казната која беше изречена поради скандалозниот потег на домашените навивачи кои не ја испочитуваа минутата молк по трагедијата во Кочани.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ реши да ја казни тетовската екипа која требаше да игра без присуство на публика на следните пет меча, но Шкендија извести дека навивачите ќе можат да присуствуваат на последниот меч кога ќе ја прослават титулата.

„По одлуката на Дисциплинската комисија по мечот против Брера, каде што група навивачи не ја почитуваа минутата молчење пред почетокот на натпреварот, нашиот клуб беше казнет со играње пет натпревари без публика. Оваа санкција значеше завршување на сезоната како домашен тим без навивачи на трибините. Сепак, по поднесената жалба од Шкендија, Комисијата за жалби при ФФМ одлучи да го прифати нашето барање со ублажување на дисциплинската мерка, казната е намалена од пет на четири натпревари без публика“, соопшти Шкендија.

Шкендија во последниот меч од сезоната го пречекува Силекс на 18 мај од 17 часот во Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK