Состојки:
Тесто: 85 гр путер омекнат на собна температура, 50 гр шеќер, 1 голема жолчка, 140 гр брашно, прстофат сол
Полнење: 4 јаболка со средна големина, 2 големи јајца, 100 гр шеќер, 3/4 лажичка екстракт од ванила, прстофат сол, 250 мл слатка павлака, 2 и 1/2 лажици Калвадос (француско бренди), 2 лажици шеќер или шеќер во прав за посипување.
Подготовка:
Направете го тестото. Измешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Додадете ја жолчката и нежно измешајте ја. Се мешаат брашното и солта на мала брзина, додека тестото не се соедини. По потреба додадете малку вода. Завршете го тестото така што ќе го измешате рачно наместо да го обработувате премногу. Ставете го тестото во калапот (со дијаметар 23 см) и притиснете го на дното и по ѕидовите на калапот. Загрејте ја рерната на 180 ֯C.
Јаболката излупете ги и исечете ги на осмини. Наредете ги парчињата во концентрични кругови врз тестото. Изматете ги јајцата и шеќерот, екстрактот од ванила и солта додека не станат пенести. Додадете го кремот и Калвадосот и измешајте додека не се изедначи. Со филот прелијте ги јаболката. Посипете со 2 лажици шеќер и печете го тартот додека не порумени одозгора, околу 45 до 50 минути. Извадете го од рерна и оставете да се излади. Послужете го тартот топол или на собна температура.
The post Рецепт за француска пита со јаболка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде