април 26, 2026

Остварив средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски.

На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка.

Сакам да изразам благодароност до Амбасадорот што изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови како би се интензивирала соработката.

Средбата беше искористена и за разговор во насока на стимулирање на невладините организации од регионот за поактивно учество на повиците за грантови кои ги објавува Амбасадата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK