декември 25, 2024

Неколку лица се повредени утринава во Париз, во напад со нож на железничката станица Гар ду Нор.

Според париски медиуми, полицијата го убила напаѓачот.

Paris : un homme blesse plusieurs personnes à l’arme blanche à la gare du Nord avant d’être neutralisépic.twitter.com/dAI30Cfmzl

— Fdesouche.com est une revue de presse (@F_Desouche) January 11, 2023

Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица  Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.

Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила.

Францускиот железнички оператор СНЦФ, исто така, на Твитер објави дека полицијата денеска отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, Гаре ду Норд, и дека сообраќајот во реонот е во застој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK