декември 28, 2024

Овие што имаат жал за кучињата кои напаѓаат луѓе ничим изазвани, а немаат трошка жал за сериозно искасаните луѓе и деца од кучиња, не можам да ги разберам, па тоа ти е.

Тасевски: Имаат жал за кучиња што напаѓаат ничим изазвани, а немаат трошка жал за сериозно искасаните луѓе!

Се трудам со сите сили да ги сфатам, ама стварно се трудам, ама не можам.

Лудилото не би било лудо ако можеш рационално да го објасниш

Мајка ми ко беше искасана од куче пред една година, не знаете какви коментари имав.Па ете кучињата ве осеќаат дека сте лоши, а може ли тебе да те решиме место кучето….

Еј, во Србија кучиња заклаа новинар, само минувал покрај нив. Има ли побрутална смрт од таа? Жена му едвај се спасила.

Деца беа нападнати неколку пати кај нас. Тешки повреди…. Пак сега жена во Струга. Касапсана ја напрајле.

Овие неформалните се дерат, не се криви кучињата!

А бе дилајли, штом почнале да напаѓаат луѓе и деца што не ги закачаат, се знае што треба да следи. Треба да се чека друга жена или дете да искасапат?

Што не ви е јасно бе?

Кај дедо ми ко мал шарпланинци сум чувал. Јас сакам кучиња будали едни.

Ама почне ли да напаѓа луѓе од чиста мира. Мора да се тргне. Вака или онака. Точка. Нема дискусија.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK