мај 4, 2026

Возрасен маж во струмичко живеел во вонбрачна заедница со малолетничка. Пријава е поднесена и против таткото на девојчето затоа што ја одобрил вонбрачната заедница.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против М.А.(20) (маж) од с.Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) (таткото) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во село Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница.

Додека, второпријавениот, татко на детето, не презел мерки за да ја спречи, туку ја прифатил и одобрил вонбрачната заедница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK