мај 4, 2026

Операцијата за трансфер на Матеуш Куња на „Олд Трафорд“ трае веќе некое време. Манчестер Јунајтед изгледа е многу блиску до реализција на трансферот.

Според Фабрицио Романо, Бразилецот му рекол „да“ на трофејниот клуб. Останува двата клуба да се договорат и трансферот да може да се официјализира.

Се очекува Вулверхемптон да инкасира помеѓу 65 и 70 милиони евра. Куња дојде во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во 2023 година за 50 милиони евра.

Оваа сезона, Бразилецот постигна 17 гола со шест асистенции во 34 натпревари во сите натпреварувања.

Share

The post Јунајтед се договориле со Куња, се чека Вулверхемптон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK