мај 4, 2026

На паркингот во близина на Областа во Битола ноќеска се запалени два автомобили, од кои едниот му припаѓа на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Според информациите, пожарот избувнал во раните утрински часови, а причините сè уште се утврдуваат.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени две возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Во моментот на инцидентот немало повредени лица.

Христо Кондовски важи за еден од најпознатите бизнисмени во Битола. Тој е млад претприемач. Неговиот татко, Димче Кондовски, е долгогодишен инспектор во Управата за јавни приходи.

извор 4NEWS.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK