мај 4, 2026

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет.

Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 септември во Валис, Швајцарија.

Покрај меѓународниот успех, Иванова викендов стана и државен првак во МТБ Маратон, освојувајќи ја титулата на Националното првенство што се одржа во екстремни услови на планинските патеки во Крушево.

Следниот голем предизвик за оваа македонска спортистка ќе биде Европското првенство во МТБ Маратон, кое се одржува на 8 јуни во Касела, Италија, каде ќе настапи како македонски претставник меѓу најдобрите европски натпреварувачки.

Share

The post Дуња Иванова меѓу најдобрите 60 на светот во МТБ маратон – избори норма за Светското првенство во Швајцарија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK