мај 4, 2026

Изјава за медиуми на  Маја Стојковска, советничка од СДСМ и коалицијата во Советот на општина Ѓорче Петров:

Преку пет и пол милиони евра од издавање на градежни дозволи за згради, а ниту едно евро за ветените Градинка, училиште и катна гаража за жителите на Александрија!

Почитувани, ова е визијата на Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров.

Иако тврдеа дека ќе има и градинка и училиште и катна гаража, кога шверцерски на вонредна седница изгласаа ДУП СО преку 4.000 станови, Bуџетот за 2025 и предлог ребалансот предвидуваат само висококатници.

Затоа Советниците на СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА на седницата за ребаланс на буџетот ќе предложат измени на програмите и обезбедување на средства за изградба на училиштето, градинката и катната гаража, кои се исклучително важни за жителите на Александрија и Ѓорче.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK