мај 4, 2026

Ева Лонгорија моментално е на Канскиот филмски фестивал, каде што отпатува со својот сопруг Хозе Антонио Бастон и нивниот 6-годишен син Сантијаго.

50-годишната актерка позираше на спонзорски настан, а малиот Сантијаго се најде во центарот на вниманието. Имено, додека таа позираше за фотографите, Сантијаго не беше задоволен што мораше да биде таму, па им се налути на фотографите.

„Сите ја знаат мајка ми. Престани да ја фотографираш“, извика момчето луто, потоа се оддалечи од мајка си и се искачи по скалите. Додека фотографите го извикуваа името на актерката за да ја сврти кон нив, Сантијаго извика: „Кој е тоа?“

Покрај тоа, тој покажа колку е незадоволен додека шеташе по улиците на Кан со своите родители, во придружба на фотографи.

„Мамо! Во ред, сите престанете“, извика тој додека актерката се обидуваше да го сопре, а потоа ја праша: „Зошто сите го прават ова? Зошто сите те познаваат?“

Share

The post Синот на Ева Лонгорија го украде шоуто во Кан, викаше: „Престани да ја фотографираш мајка ми“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK