Откако неодамна на Мет Гала откри дека е бремена и дека го очекува своето трето дете, а го покажа стомакот во многу необична, впечатлива креација, Ријана се појави и на 78-от Кански филмски фестивал за да го поддржи својот партнер, раперот ASAP Rocky.
Двајцата присуствуваа на премиерата на филмот „Highest 2 Lowest“, а пејачката се појави во тесен фустан во впечатлива сина боја, повторно истакнувајќи го својот труднички стомак со овој избор.

Фустанот има посебни детали на вратот и во пределот на стомакот, каде што се врзува, а материјалот ја следи линијата на Ријана и се протега сè до подот, каде што завршува со асиметрична должина.

Таа ја собра косата во пунџа и позираше со раперот на многу весел начин. Тие не криеја колку се среќни што ќе станат родители по трет пат. Двојката веќе има два сина.

The post (Фото) Бремената Ријана го покажа стомакот во тесен фустан: изданието го воодушеви Кан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
