мај 3, 2026

Прославената актерка Салма Хајек го поминува времето во Кан кадешто познатиот фестивал е во тек, а таа и нејзиниот сопруг ја посетија и церемонијата на доделување на наградите „Kering Women In Motion“.

Салма неодамна позираше за насловна, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија сите, но сега беше малку поумерена.

За оваа пригода, таа одбра долг и тесен фустан кој совршено ги нагласува нејзините облини, а на дното се претвора во безброј реси кои се влечат по подот. Инаку, целата креација е покриена со ситни циркони, а Салма сето тоа го надополни со впечатлива огрлица.

До неа беше нејзиниот сопруг, Франсоа Анри Пино, кој позираше во класично решение за мажи, со кое никогаш нема грешка, црно одело и бела кошула.

Уште еднаш, Салма блесна на црвениот тепих и покажа дека со природен изглед може многу да се постигне.

Share

The post (Фото) Салма Хајек, една од најголемите ѕвезди на овогодинешниот Кански фестивал, шармираше со своето модно издание appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK