– Јапонија изрази жалење за одлуката на Пекинг да го суспендира издавањето визи за јапонските граѓани и побара таа да биде поништена.
„Жално е што Кина презеде еднострана акција и престана да издава визи од причини кои не се поврзани со коронавирусот“, изјави пред медиумите главниот секретар на кабинетот, Хироказу Мацуно.
Властите во Пекинг одлукта ја донесоа откако Јапонија ги заостри мерките за граѓаните на Кина, кои за влез во Јапонија треба да имаат негативен тест за ковид-19 на урина, направен помалку од 72 часа пред поаѓањето.
За времетраењето на наметнатите гранични контроли во Јапонија за ковид-19, Мацуно рече дека тоа ќе биде соодветно ситуацијата со коронавирусот во Кина и информациите дадени за тоа.
Следете не, не има насекаде