мај 3, 2026

Секторот за односи со јавност на СВР Битола информира дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK