мај 3, 2026

Денеска во 10.00 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата Директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи.

За Заменик директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, моментално е на позицијата Помошник раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање.

Нека им е честит изборот на двајцата, им посакувам добро здравје и успешна работа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK