мај 3, 2026

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на брифинг со новинарите, откри неколку новитети, кои бидат имплементирани оод сезоната 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Сите натпревари од ПМФЛ, ќе имаа ТВ покриеност, како што откри Омерагиќ, три натпревари ќе се емитуваат на МРТ, а три на Арена спорт.

„Натпреварите од ПМФЛ ќе се играат во три, можеби и четири дена: петок, сабота, недела и понеделник. Договорено е да има пренос од секој натпревар. Засега имаме три стадиони со рефлектори, четвртиот ќе биде оној во Тетово“, ја пренесува „makfudbal.mk“, изјавата на Омерагиќ.

Првиот човек на ФФМ, исто така откри дека ВАР системот конечно ќе започне да се употребува во ПМФЛ.

Share

The post Омерагиќ откри новитети во ПМФЛ – ВАР ќе биде ставен во употреба, ТВ преноси од сите натпревари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK