Немилосрдните битки за Бахмут, односно Артемовск се уште траат, а на социјалните мрежи се појави видео од уништувањето на полската самоодна хаубица АХС Краб од 155 мм, која ја користеа украинските сили.
РУСКИ ДРОНОВИ УНИШТИЈА ПОЛСКИ САМООДЕН ТОП: По два удари, екипажот панично бега пред СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА (ВИДЕО)
Не е можно да се утврди автентичноста на видеото, но во секој случај е многу драматично.
Како што може да се види на видеото, хаубицата прво била погодена од рускиот дрон Лансет во задниот дел, по што следела мала експлозија.
На видеото потоа се гледа како екипажот во паника го напушта возилото, кое почнува да се повлекува. Наскоро, сепак, следеше уште еден напад со беспилотно летало, што предизвика уште поголема штета на самоодниот ТОП.
После тоа, преостанатиот дел од екипажот излегол од возилото кое се повеќе го зафаќало огнот, а потоа хаубицата била целосно уништена од огромна експлозија, која најверојатно била предизвикана од муницијата.
И каналот Телеграм тврди дека екипажот на оваа хаубица е од Полска, но тоа не може да се потврди.
Следете не, не има насекаде