Чајот од магдонос е многу здрав и традиционалната медицина го препорачува за лекување на инфекции на уринарниот тракт, болести на бубрезите, но и за слабеење.
Оние кои го пробале велат дека неизмерно им помогнал, но овој чај не е магија, ќе ослабете само ако ги следите овие правила:
- Направете го чајот од свеж магдонос
- Пијте го со сок од лимон
- Пијте го секој ден 5 дена, па направете пауза 10 дена.
- Вежбајте за време на периодот на пиење чај. Половина час пешачење секој ден е доволно.
- За време на периодот на пиење чај, исфрлете ги слатките и преработената храна од вашата исхрана и јадете само варена, чорбеста храна.
- Пијте многу вода (околу 3 литри) во периодот на пиење чај.
Како да направите чај од магдонос?
Во врела зовриена вода додадете грст ситно сечкан свеж магдонос. Тргнете ја водата од оган и покријте го тенџерето. Оставете го чајот да се излади. Процедете и пијте во текот на денот со додавање сок од лимон (чајот не го засладувајте со шеќер или мед).
Пијте половина литар од овој чај во текот на денот.
Следете не, не има насекаде
