мај 2, 2026

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека негов „сон“ е да биде селектор на Франција и дека со нетрпение ја чека можноста да ја преземе, објави денес „Лекип“.

„Чувствувам дека имам легитимитет кога станува збор за француската репрезентација, за која играв и поминав практично 12, 13, 14 години како играч. Секако дека тоа е сон за мене, едвај чекам“ – рече Зидан за време на настан организиран од неговиот спонзор „Адидас“.

Сегашниот француски селектор, Дидие Дешан, претходно објави дека нема да го продолжи договорот по Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Зидан (52), икона на францускиот фудбал и спорт, со години се смета за главен кандидат да го наследи Дешан. Откако го заврши својот втор мандат како тренер на Реал Мадрид во 2021 година, Зидан немал тренерска улога.

Во 2022 година, во интервју за „Лекип“, тој изјави:

„Приказната не е завршена со француската репрезентација. Секако дека ја сакам таа улога. Се надевам дека еден ден ќе бидам селектор. Сакам да го завршам моето патување со „Триколорите“.

Share

The post Зидан: Сон е да бидам селектор на Франција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK