мај 4, 2026

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 19:55 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак – малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница – Кавадарци.  Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK