Здружението за заштита н животните разочарини од средбата со градоначалникот Мерко.
Во продолњние ви ја прикажуваме нивната објава во целост:
Денес, на ден 11.01.2023 нашето здружение беше на состанок со градоначалникот на Општина Струга, директорот на ЈКП “Комунално” Струга и инспектор за животна средина
На средбата ги истакнавме нашите предлози, како да се реши проблемот, се потрудивме да најдиме заедничко решение со кое би им помогнале на животните и граѓаните на Општина Струга НО БЕВМЕ БУКВАЛНО ИЗБРКАНИ
Градоначалникот ДИРЕКТНО И ОТВОРЕНО НИ КАЖА дека тој лично ќе излези на улица и ќе ги убива кучињата по кратка дискусија на тема решавање на проблемот, дека тој до сега ќе ги иструел ама неможел да најди отров ПО ШТО ВЕДНАШ ПОДНЕСОВМЕ ПРИЈАВА ДО СВР Струга
Од тука може да видиме какви луѓе ја водат општината, какви луѓе се на власт и зошто нема напредок во општините
Директорот на ЈКП “Комунално” Струга, на нашето прашање зошто по вчерашниот настан со убиството на над 7 кучиња во Струга, вработените на претпријатието не пријавија во полиција серкастично одговори ”против кој да се поднеси пријава, против воздухот?” и кажа дека тие не се надлежни за тоа
Комунално Струга, има милионски долгови кон граѓани каснати од кучиња, ама неможи да вложи во решавање на проблемот Кажаа дека имаат буџет од само 600.000мкд со кои би се стерелизирале 100 женски кучиња што е ПРЕМАЛА бројка за град со над 1000 бездомни кучиња кои секојдневно се множат
Општина Струга нема решение и нема да има Ќе биде поднесена пријава до Агенцијата за храна и ветеринарство – Food and Veterinary Agency бидеќи Општина Струга е должна да го решава проблемот, но истата не го прави тоа Агенцијата во Струга, располага со само еден инспектор кој е НЕМОЌЕН сам да го покрива целиот регион и да го решава проблемот
СИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО ПЕТОК (13.01.2023) ПРЕД ВЛАДА НА РСМ, ДА ГО ПОКАЖЕМЕ РЕВОЛТОТ ПРОТИВ УБИСТВОТО И НЕРЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА
The post “Animal Voice”: Градоначалникот Мерко ни кажа дека немал време, инаку тој ќе ги испотепал кучињата низ Струга appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде