мај 7, 2026

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во Истанбул, Турција. Фотографија на која е снимен заедно со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи и брзо се прошири во јавноста.

Јахоски беше ослободен од притвор со судска одлука, при што му беше одземен пасошот, а како гаранција за присуство во понатамошната постапка уплати значителна сума пари.

Сепак, според информации на Скопје1, тој поднел барање за привремено враќање на пасошот, што било одобрено од страна на судот, со што неговото патување во Турција е законски дозволено.

Јахоски е еден од осомничените во истрагата за набавка на мазут со сомнителен квалитет за потребите на ТЕЦ Неготино во време на енергетската криза. Заедно со Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, се сомничи дека државата била оштетена за сума од околу 150 милиони евра.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK