мај 7, 2026

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајка откако со мотоцикл излетале од пат.

Според информациите на МВР, вчера во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK