мај 7, 2026

Фото/ facebook.com/kkmztskopje

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија домонацијата во домашното првенство. Вечерва ја одбранија титулата, откако во четвртиот меч од финалната серија ја забележаа третата победа над ТФТ.

МЗТ Скопје до 12. титула во клупската историја, шеста во низа, го победи ТФТ со 77:53. Од 12. титули на екипата од Аеродром, 10 освои капитенот Дамјан Стојановски.

Четвртиот натпревар од финалната серија кошаркарите на МЗТ го решија во првото полувреме. Првиот период го добија со 23:12, а вториот со 21:14.

Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, два помалку постигна Едвин, кој беше прогласен за МВП на финалната серија.

Share

The post МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во домашното првенство appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK