мај 7, 2026

Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство.

Нема толку инспектори колку што има пушачи на цигари во Македонија, ама ќе се вратат старите забрани и закони од пред 15 години и ќе има строги казни. За ова да се случи или ќе го смениме постоечкиот или ќе предложиме целосно нов закон против пушење, кажа заменик Министерот за здравство Јовица Андовски на одбележувањето на Светскиот ден без тутун.

Додека од здравство велат дека совети ќе бараат и од Франција каде сега, на отворено, на пример околу парковите, или секаде во близина на деца, е забрането да се пуши, и лекарите алармираат дека акцент треба да се стави токму на тинејџерите, бидејќи адолесцентите во просек на 13 години почнуваат да пушат цигари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK