мај 7, 2026

Тирана се подготвува за натпреварот од висок ризик. Албанија ќе ја пречека Србија на 7 јуни, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Навивачката група која ја бодри албанската репрезентација на сите натпревари, „Црвено-црни фанови“, одлучи да го бојкотира натпреварот.

Токму оваа група предизвика неколку инциденти на претходните натпревари, поради што дел од стадионот ќе биде затворен за јавноста во сабота навечер, таму ќе бидат сместени само деца од фудбалските школи.

Фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСА), претходно беше цел на навивачката група поради заедничката организација на Европското младинско првенство со Србија. Сега проблемот е во распределбата на билетите за натпреварот со Србија. Поради невидениот интерес на публиката, Албанците одлучија билетите да ги распределат со ждрепка, што не ѝ се допадна на оваа група навивачи.

„За прв пат од нашето основање пред 21 година, нема да бидеме на стадионот да ја бодриме нашата репрезентација. Всушност, ова е втор пат. Првиот пат, на 14.10.2014 година, не ни дозволија „шкиите“ (навредлив термин за Србите). Сега, на 07.06.2025 година, не ни дозволуваат пријатели на „шкиите“, Фудбалскиот сојуз на Албанија, и тоа во нашата куќа.

За разлика од претходните натпревари кога нашите членови организирано купуваа билети за нашиот сектор, овој пат не учествувавме во организирана фарса со лажно извлекување. Овој систем, кој гарантира билети на туристички агенции, кои потоа ги препродаваат, е длабоко неправеден и неприфатлив“, напишаа албанските навивачи во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Тие се вознемирени и од цените на билетите, кои се движат од 150 до 1.000 евра за овој натпревар.

„Незамисливо е просечното албанско семејство, со две деца, да плати 600 евра за да гледа натпревар, што е исто колку и цената на еднонеделен одмор во јуни“.

Во првите два натпревари, Албанија ја победи Андора и загуби од Англија, додека Србија во Тирана ќе го започне квалификацискиот циклус.

Share

The post „Поради пријателите на Србите нема да бидеме на стадионот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK