мај 7, 2026

Деновиве се одвиваа активности за асфалтирање, уредување и санација.

Во Стар град се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“. Понатака на теренот со вештачка трева кој е во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ се изврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност. Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови.

Во Пештани и Рача, се постави осветлување на спортските игралишта со што се овозможи нивно користење и во вечерните часови.

Продолжуваме со посветена работа, пишува на фб градоначалникот Пецаков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK