мај 8, 2026

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, го продолжи договорот до 30 јуни 2026 година, објави шпанскиот клуб.

Договорот на Коке содржи клаузула за годишно обновување на крајот од секоја сезона, која двете страни се согласиле да ја активираат, објави на веб-страницата на Атлетико.

Коке го имаше своето деби за Атлетико на 19 септември 2009 година и оттогаш стана играчот со најмногу настапи во историјата на клубот, 681.

Тој е вториот најтрофеен играч во историјата на Атлетико со осум трофеи: две титули во Примера (2014, 2021), Куп на кралот (2013), три титули во Лигата на Европа (2010, 2012, 2018), Суперкуп на Шпанија (2014) и три трофеи во Суперкупот на Европа (2010, 2012, 2018).

Аделардо има два трофеи повеќе од него.

Претходно, Атлетико го продолжи договорот и со Антоан Гризман. Најдобриот стрелец во клупската историја се обврза да остане на „Метрополутано“ до 30 јуни 2027 година.

Share

The post Атлетико му го продолжи договорот на капитенот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK