мај 8, 2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, Асмир Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот.

-МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како и за други личности кои беа исто така од интерес за јавноста во минатото кога постапивме согласно законски надлежности и во рамки на итна постапка сме издвале документи за еден ден, така и во овој случај постапуваме и издаваме по одлука на судот документација соодветна во рамки на надлежност на Министерството, најдбрзо што може кога е по итна постапка, истакна Тошковски во изјава за медиуми по Меѓународната конференција по повод 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет – Скопје.

Посочи дека „суштината на прашањето треба во овој случај да биде како е донесена одлука од судот да се врати предметната патна исправа, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK