мај 8, 2026

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандес, не сака да игра во Саудиска Арабија во оваа фаза од својата кариера, објавија британските медиуми.

Португалскиот фудбалер верува дека сè уште може многу да покаже во европскиот фудбал. „Скај Спортс“ објави дека, Бруно одбил 100 милиони фунти од Ал Хилал.

Манчестер јунајтед не сака да го продаде капитенот, кој има договор до 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Ал Хилал сака речиси трипати да ја зголеми неделната плата на Фернандес, која на „Олд Трафорд“ изнесува 250.000 фунти.

„Скај Спортс“ објави дека Фернандес разговарал за можен трансфер во Саудиска Арабија со своето семејство, одлуката да се одбие понудата е и фудбалска и лична.

Фернандес му се приклучи на Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари 2020 година, за кого одигра 290 натпревари во сите натпреварувања, постигна 98 гола и забележа 87 асистенции.

Share

The post Бруно одбил понуда од 100 милиони фунти appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK