декември 25, 2024

Денес ви споделуваме рецепт кој е типичен за италијанскиот регион Тоскана кој се состои од тестенини со пилешко во кремаст сос со пармезан, спанаќ и сушени домати.

Потребни состојки:
4 парчиња пилешки гради без коски
400 милилитри крем за готвење
100 грама листови свеж спанаќ
45 грама рендан пармезан
30 грама суви домати
2 лажици растително масло
2 лажици путер
кромид
2-3 чешниња лук
1 лажичка лук во прав
¼ лажичка сув босилек
¼ лажичка суво оригано
¼ лажичка сува мајчина душица
¼ лажичка сув мајоран
сол и бибер по желба

Начин на подготовка:Зачинете ги пилешките гради со сол, бибер, сув босилек, оригано, мајчина душица, мајоран и лук во прав.
Загрејте го растителното масло во тава и пропржете ги од секоја страна околу 6 до 8 минути. Извадете го пилешкото од тавата и оставете го на страна.
Во истото тавче растопете го путерот и пржете го кромидот додека не омекне.
Додадете ги сечканите сушени домати и лукот и пржете сè заедно уште една минута.
Додадете го кремот за готвење и пармезанот, убаво измешајте и оставете го сосот да зоврие.
Додадете свежи листови спанаќ.
Посолете го сосот по желба.
Вратете го пилешкото во сосот и сè заедно варете уште неколку минути.
Послужете го пилешкото со варени тестенини. Добар апетит!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK