мај 8, 2026

Само оваа среда на 4 јуни, од 10.30 до 14.30 часот, Скопје ќе добие нова еднодневна и уникатна автобуска линија за млади! ЈСП пушта вонредна линија што не само што ќе ве однесе до посакуваната дестинација, туку ќе понуди и необично искуство.

Се тргнува од Студентскиот дом „Гоце Делчев“, се кружи низ градот со постојки на најактивните младински точки (ФИНКИ, Архитектонски, Пошта, Рекорд, УКИМ, Капитол, Пелагонија…) и се враќа назад.

На оваа уникатна, one in a lifetime, тура ќе има многу изненадувања, ќе има добар вајб и нешто што не смееш да го пропуштиш. Ако си млад/а, љубопитен/на, обожаваш журки, музика и добра енергија, или едноставно сакаш да уживаш во уникатно искуство и разглед на градот од поинаква перспектива, планирај си го времето за оваа линија.

Не се купува билет, се влегува слободно, со став и насмевка. И може да си заминеш со нешто многу повеќе од селфи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK