мај 8, 2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерот Тошковски истакна дека половина век постоење на една академска институција значи многу повеќе од бројка – тоа е сведоштво за посветеност, упорност, научна страст и континуирана мисија во образованието и формирањето на генерации стручни и одговорни личности.

Во рамки на досегашната соработка помеѓу министерството и институтот креиравме мост помеѓу науката и институцијата во насока на реализација на конкретни проекти кои би биле од силно значење како за институтот, студентите така и институциите. Веќе сме во процес за реактивација на средното полициско училиште кое е синоним за градење на професионални полициски кадри и треба да се случи следната година и во таа насока дел од професионалниот кадар ќе биде токму од Институтот за безбедност, одбрана и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски образложи дека со новиот Закон за внатрешни работи кој треба да се донесе се предвидува директно вработување на најдобрите студенти на овој факултет во рамки министерството за внатрешни работи. Со ваков пристап целта е да се мотивираат македонските студенти да ја гледаат својата иднина туку и максимално да придонесат со својата академска наобразба во правилно функционирање на безбедносните институции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK